На дебранец во пожар му изгорело огревното дрво

Во пожарот кој синоќа избувнал во помошна просторија до куќата на дебранец, во населбата „Намазјар“ во близна на центарот на градот, изгорело огревното дрво кое го набавил за зимската грејна сезона.

„Вчера  околу 18:30 часот, во куќа на улицата „ 1 мај" во Дебар сопственост на М.Г. се случил пожар. Од извршениот увид, констатирано е дека пожарот се појавил во просторија каде биле складирани дрва за огрев кои целосно изгореле, а потоа пожарот се проширил на кровната конструкција“,изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Благодарение на брзата интервенција на дебарската територијална противпожарна единица, пожарот е локализиран навреме, со што било спречено пламените јазици да ги зафатат и соседните куќи.

Истрагата ќе утврди кои се причините за избувнувањето на пожарот.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе