На „Богородица“ приведен српски државјанин, превезувал мигранти

Полициски службеници вчера на влезот во Гевгелија, на граничниот премин „Богородица“ го лишиле од слобода М.А.(47) од Република Србија, поради превезување на мигранти.

Како што информираат од МВР, во патничкото моторно возило „шкода суперб“ со српски национални ознаки, кое го управувал, превезувал две лица мигранти – A.J.(30) од Индија и М.M.(29) од Пакистан.

За настанот е известен јавен обвинител, а М.А. бил предаден на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ. Мигрантите се сместени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе