Тешка сообраќајка

На автопатот Штип-Свети Николе мопедист возел во спротивна насока и загинал

Триесет и едногодишен маж од Велес кој упаравувал со мопед загина при судар со автомобил на автопатот Штип-Свети Николе кај штипското село Кривидол, информира портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Според неа, автомобилот кој се судрил со мопедот бил со скопски регистарски таблички, а во несреќата учествувале уште две други возила. Полесно се повредени и возачот на автомобилот „мерцедес“ и двајца негови сопатници кои се малолетни лица. Од страна на Итната медицинска помош се пренесени на лекување во Клиничката болница во Штип.

Според очевидци, несреќата се случила поради возењето на мопедот кој бил без регистарски таблички во спротивна насока на автопатот.

На местото на несреќата увид имаат извршено крим техника на СВР Штип и основен јавен обвинител.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе