На автопатот Куманово – ГП Табановце пронајдени 10 мигранти

На автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце", полициски службеници од Полициска станица Сопот на 27.06.2020 во 19.45 часот го привеле Ф.Ш.(36) од Штип, осомничен дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти".

Од МВР појаснуваат дека при обид да застанат патничко возило „ауди А6", со битолски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, тој го напуштил местото на настанот.

По кратко време Ф.Ш. бил лишен од слобода, а во близина на железничка пруга, на место викано „Чифлик", биле забележани 10 лица-мигранти. Од нив седум избегале, а задржани биле М.Џ.(23) од Бангладеш, А.А.(30) од Јемен и М.А.(29) од Сирија, кои потоа се сместени во Транзитен центар Табановце, додека Ф.Ш. е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, се наведува во соопштението од МВР.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе