На автопат им го пресекле патот, излегле од автомобил и ги нападнале

Во соопштението од МВР стои дека вчера во 16.30 часот во СВР Скопје, Р.Д.(36) од Скопје пријавил дека на 02.06.2020 околу 13.30 часот, додека бил заедно со М.М.(34) од тетовското село Беловиште, и Г.Д.(28) од Скопје, во патничко возило „бмв Х5", со скопски регистарски ознаки, во близина на клучката кон село Горно Коњари на автопатот Миладиновци, им бил попречен патот од патничко возило „ауди А4", со велешки регистарски ознаки и патничко возило „голф 5", со непознати регистарски ознаки, од каде излегле Ф.Ф., Е.Ф. и уште едно лице и истите им упатувале закани и физички ги нападнале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе