Во последните 24 часа

МВР: Заштитна маска не носеле 113 лица

Забраната за движење во целата држава во изминатите 24 часа не ја почитувале 46 лица, при што приведени се  41 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Мерката за неносење лична заштита на лице, пак, ја прекршиле 113 лица. 

Фото: Роберт Атанасовски

Според МВР, за последните 24 часа на територијата на државата на 85 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација. Полициските службеници кои извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, не евидентирале лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

 

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе