МВР: Во Скопје 148 лица казнети за брзо возење

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 513 казни за сообраќајни прекршоци, меѓу кои 35 за возење без возачка дозвола, а 148 за пречекорување на дозволената брзина на движење, информира МВР.

Според соопштението од Министерството, за нерегистрирани и технички неисправни возила изречени се 39 казни, потоа за 82 мотоциклисти, а одземени се и четири мотори, 75 казни за непрописно паркирани возила и 72 возила подигнати со пајак, како и 104 казни за неносење на заштитна маска.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе