МВР со видео се пофали за завчерашната заплена на марихуана од фирма во Кочани

МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против правeн субјект од Кочани и управителот С.В.К. (39) од Бугарија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" по член 215 ст.1 и ст.6 од Кривичниот законик, при што запленети се 238 килограми марихуана. Набавената дрога била сместена во фирмата за производство на канабис на бугарскиот државјанин, потоа со комунално возило однесена на депонија откаде била земена заради дистрибуција и продажба.

Во соопштението се вели дека во текот на овој месец година преку правниот субјект каде во својство на управител е регистриран С.В.К., извршена е набавка на марихуана, која „потоа е сместена во објект во рамки на наведениот правен субјект, по што на 14 јули дел од истата е префрлена во контејнер за отпад, односно во специјално товарно моторно возило за собирање смет, сопственост на Комуналното јавно претпријатие 'Водовод' од Кочани, за потоа да биде оставена на депонијата во Кочани, од каде непознати лица ја земале за понатамошно неовластено пуштање во промет, со цел стекнување на противправна имотна корист“.

Истиот ден од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Единицата за недозволена трговија со дрога во содејство со СВР Штип - ОВР Кочани по забележување на товарното моторно возило со натпис ,,КЈП Водовод – Комунална хигиена", како влегува во оградениот простор на правниот субјект од Кочани, каде работници од „КЈП Водовод – Комунална хигиена" механички ја истуриле содржината на контејнерот за смет во камионот, преземени се мерки и активности, при што истото е сопрено, наведува МВР.

„Притоа од извршениот преглед на товарното моторно возило утврдено е дека во внатрешноста на товарниот дел има поголема количина на марихуана. Пронајдената и одземена марихуана врз основа на издадена Наредба од ОЈО Кочани, предадена е во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РСМ. По извршеното вештачење на запленетата количина дрога утврдено е дека станува збор за 237 кг. и 970 гр. наркотична дрога марихуана, чија вредност се проценува на над 400.000 евра“, пишува во соопштението на МВР.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе