МВР со детали: Го убиле додека стоел на паркинг со автомобил

Министерството за внатрешни работи соопшти детали за вооружениот напад кој синоќа се случи во скопски Бутел, во кој едно лице е убиено, а друго тешко повредено. Убиен е Камер Идризи, а тешко ранет е неговиот внук. 

Според информации од полиција вчера околу 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на подрачјето на Чаир, каде било паркирано патничко возило „фолксваген голф 7", со скопски регистарски ознаки, а во кое биле возачот Л.П.(24) од Скопје и сопатникот К.И.(43) од Скопје, неколку лица со огнено оружје испукале проектили кон возилото.

„К.И. починал на самото место, а Л.П. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски", каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а возилото е запечатено и пренесено во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка“, информираат од МВР.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе