МВР со детали за сообраќајката кај „Сити мол“, три лица завршиле во болница

Три лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајната несреќа која вчера на пладне се случи на крстосницата од бул.„Партизански одреди" со ул.„Љубљанска" и ул.„Московска", кај „Сити мол“, соопшти МВР.

Во несреќата, како што информира МВР, учествувале „форд", со охридски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(48) од Охрид и „сеат", со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Х.Б.(40) од Скопје.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил В.Т., а со телесни повреди сопатникот од истото возило С.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза", додека со телесни повреди се здобил С.Х.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски", посочуваат од МВР.

Бил извршен увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе