МВР со апел до граѓаните: Ако ги препознаете хулиганите со молотови коктели веднаш пријавете (ВИДЕО)

МВР апелира до граѓаните, доколку било кој препознае некого од хулиганите, како што е лицето на снимката кое го фрли молотовиот коктел спрема полицијата и објектот на Собранието, може да го пријави тоа на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица.

Од таму велат дека без разлика дали пријавата е анонимна или не, полициските службеници ќе постапат и, доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

Министерството апелира до граѓаните да не дозволат да бидат вовлекувани во ничии сценарија, ниту во било какви насилни инциденти, бидејќи ќе бидат преземани најригорозни мерки и нема да се толерира нарушување на мирот и безбедноста.

Секој дијалог треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција е токму гарантот за безбедноста на тие институции, на државата и нејзините граѓани, додаваат од МВР. 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе