МВР: Синоќа 55 возачи во Скопје фатени како возат под дејство на алкохол

Во зајакната акциска контрола скопската полиција вчера од 23 до 5 часот утрово откриле 55 возачи под дејство на алкохол. Контролирани биле вкупно 244 возачи, а алко тест бил извршен на 133.

Од сообраќај биле исклучени 56 возачи, времено се одземени 55 возачки дозволи, издадени се 55 мандатни платни налози, еден прекршочен платен налог и откриени се 75 останати прекршоци.

Во текот на вчерашниот ден 80 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Преземени се 80 мерки во врска со акциската контрола, издадени се 70 платни налози,  два прекршочни платни налози, писмено опоменати се осум возачи, откриени се 32 останати прекршоци, издадени 17 платни налози и 15 мандатни платни налози, соопшти МВР.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе