МВР санкционираше 60 возила со кои се врши јавен превоз

Во рамки на оперативната акција „Дозвола" МВР спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија на возила со кои се врши јавен превоз на патници и притоа биле санкционирани 60 возила.

„Контролирани се 576 автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз, а неисправност е утврдена кај 60 возила. Од нив 21 на територија на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Штип, девет на територија на СВР Струмица, осум на територија на СВР Скопје... Од овие 60 возила, кај 42 е утврден неисправен уред за запирање, кај пет неисправен уред за управување... Возилата се исклучени од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци", рече Тони Ангеловски од МВР.

Од страна на инспектори на Државен инспекторат за патен сообраќај и инспектори од единиците на локална самоуправа (кои исто така учествуваа во акциската контрола) преземени се 18 мерки поради вршење на јавен превоз без лиценца.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта", рече Ангеловски.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе