МВР продолжува со засилени сообраќајни контроли, 376 казни во Скопје, најмногу за брзо возење

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече вкупно 376 казни.

Од МВР соопштија дека од вкупниот број казни, за возење без возачка дозвола се 23, за пречекорување на дозволената брзина на движење се 105, за нерегистрирани и технички неисправни возила 22, додека 35 казни се за мотоциклисти, при што пет мотори се одземени, 57 мерки за непрописно паркирани возила и 60 возила подигнати со пајак.

Изречени се и 100 санкции за неносење на заштитна маска.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе