МВР: Приведени криминалци, расчистена тешка кражба во Чаир

Двајца 25-годишни скопјани приведени во полициска станица поради тешка кражба на менувачница и напад на полициски службеник.

Од МВР информираат дека на 29 јули годинава, околу 01.45 часот, полициски службеници од полициската станица Чаир ги затекнале 25-годишните А.М. и Б.Р., и двајцата од Скопје, непосредно по извршување на кривичното дело „тешка кражба" во менувачница во трговски центар на подрачјето на Чаир и при обидот да бидат фатени, Б.Р. физички нападнал полициски службеник.

Од МВР велат дека СВР Скопје – Единица за внатрешни работи, Одделение за криминалистички работи Чаир расчисти „тешка кражба" и против двете лица ќе поднесе кривична пријава за извршено кривично дело „Тешка кражба", а против Б.Р. и за делото „Напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста".

По преземени мерки и активности на 30 јули, А.М. и Б.Р. биле приведени во полициска станица и при извршен службен разговор со нив, тие во целост го појасниле начинот на извршување на кривичните дела, информираат од полицијата. 

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе