Во Тетово

МВР потврди: Запленети се 20 килограми марихуана

Од Министерството за внатрешни работи потврдија, дека вчера во Тетово биле запленети 20 килограми марихуана.

„Вчера околу 17.00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово запреле патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици, управувано од А.Д.(21), а во кое како сопатник бил и Ш.П.(27), двајцата од Дебар.
 
При нивен и преглед на возилото, зад возачкото седиште и во багажникот биле пронајдени три вреќи со марихуана со вкупна тежина од околу 20 килограми, кои биле одземени и дадени на вештачење. 
 
Двете лица биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, во текот на денот, со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово“, сооптуваа од МВР.
 

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе