И официјално

МВР потврди: Дел од приведените лица во акцијата се поврзани со пукањето во „Александар Палас“

Дел од лицата кои биле уапсени во денешната акција на МВР се поврзани со пукањето кое пред некое време се случи во хотелот „Александар Палас" во Скопје. Ова го потврди Сузана Прањиќ Талевска, началник на одделение за информации од јавен карактер. Таа додаде дека лицата се приведени под сомнение за предизвикување општа опасност, загрозување на службено лице, нелегална трговија со дрога, како и за недозволено држење и изработување на оружје

„Одделот за полициска акција приведе лица, можни членови на криминални групи. Дел од нив се привидени за предизвикување општа опасност, загрозување на службено лице, нелегална трговија со дрога, недозволено држење на оружје.. ", изјави Талевска.

Таа додаде дека полициски акции имало на неколку места во Скопје и тоа во Грчец, Центар, Арачиново, Ѓорче Петров... а при претресите одземени се патничко моторно возило, пиштоли, пушки, куршуми, панцири, опрема за видео надзор, прашкаста материја и други предмети.

Пред и за време на акцијата под сомнение за погоре споменатите кривични дела лишени од слобода се 10 лица од Грчец и Арачиново.

Во рамки на акцијата биле извршени претреси на 34 локации во Ѓорче Петров, Грчец, Ченто, Арачиново, Чаир, Бутел, Визбегово, Бардовци, Студеничани и Центар со цел обезбедување и пронаоѓање на докази за извршени кривични дела.

При претресите биле пронајдени и одземени автомобили, пиштоли, пушки, рамки за муниција и муниција, куршуми од различен калибар, панцири, лаптопи, мемориски стикови, опрема за видео надзор, мобилни телефони со сим картички, пари во различни апоени, прашеста материја и др.

Уапсени се десет лица на возраст од 56 до 28 години, жители на селата Арачиново и Грчец. Станува збро за Ф.Л.(47) од Грчец, М.Љ.(38) од Грчец, Е.П.(43) од Арачиново, Б.А.(34) од Арачиново, Ш.М.(28) од Арачиново, Ш.М.(34) од Арачиново, Ќ.Љ.(28) од Грчец, Н.С.(56) од Грчец, И.С.(29) од Грчец и Ј.С.(30) од Грчец.

Дел од приведените се поврзани и со настанот во Александар палас, но повеќе детали ќе се знаат откако ќе бидат завршени сите активности на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе