МВР: Откриени лица во товарен воз при илегален влез во Македонија

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека при извшување на зајакнато обезбедување на државната граница од напливот на мигранти од Афричките и Азијските земји, во саботата во 20,30 часот патролен тим од „Богородица“ открил 18 илегални мигранти сокриени во товарен воз, поточно во еден од вагоните на кој била товарена камионска приколка.

Според МВР, возот соообраќал на релација од Солун - Грција до Ламбах - Австрија.

„При прегледот извршен на два пломбирани вагони а во присуство на полициски службеници ‘Богородица’-железнички премин, цариник и работници од ‘Македонски железници’, вагоните се отворени и во еден од нив се откриени илегални мигранти од кои 17 авганистански државјани на возраст од 15 до 36 години, а со нив имало и едно седум годишно дете како и еден државјанин на Ирак на возраст од 33 години“, соопштуваат од МВР.

Лицата кои се откриени во возот немале организатор, и по кажување на неколку од нив, тие незабележано влегле во приколката додека се уште се товарала и вратите биле отворени.

Од „Македонски железници“ не е констатирана штета и недостаток на стоката која била во приколката.

Лицата илегални мигранти со протоколарен лист ќе бидат предадени на ПС Евзони –Грција во утринските часови.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе