МВР официјално потврди – една жртва и 7 повредени во тешката сообраќајка кај Стража

Околу 15,30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три моторни возила џип „мерцедес", патничко возило „бмв" и камионет. Едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица, првично, се пренесени во гостиварската општа болница „Ферид Мурад" за укажување на лекарска помош. Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар вршат увид. Од 15 и 30 часот во прекин е сообраќајот во двете насоки, јавува МВР.

Според сведоци, во сообраќајката учествувал и Зоран Милески-Кичеец, осуден во случајот Рекет.

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе