Во Транспортниот центар во Скопје

МВР: Нема бомба, туку само куфер со облека

Во кругот на Меѓународната автобуска станица – Транспортен центар е пронајден куфер, оставен во близина на банкомат и нема бомба, како што беше објавено во дел од медиумите, велат од МВР.

„Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица- Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за едно лице кое го оставило куферот, во кој имало облека односно нема никаква опасност за граѓаните“, ни изјавија од МВР.

Претходно порталот Плусинфо објави дека вработените во железничката станица добиле анонимна порака од скриен телефонски број дека на Железничката станица е поставена бомба. Случајот веднаш бил пријавен во полиција, а според порталот, евакуирани биле сите вработени во железничката станица, во автобуската станица, како и вработените во казината и дуќаните.

 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе