Зачестија измамите преку телефон

МВР: Не наседнувајте, пријавете ги измамниците

Министерството за внатрешни работи денеска испрати апел до граѓаните да бидат претпазливи во комуникацијата со непознати лица, која е најчесто телефонска, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги, а за возврат се бараат пари. МВР ги повикува граѓаните да не даваат пари и да ги пријавуваат ваквите случаеви на телефонскиот број 192 за да не станат жртви на измама.

Од МВР соопштија дека во дневниот билтен се зачестени измамите што ги пријавуваат граѓаните, а најмногу се насочени кон повозрасните лица. Сите сомнителни случаи веднаш да се пријават на бесплатниот телефонски број 192.

„Начинот на измама e со телефонско јавување на измамниците кај постари лица, при што ги доведуваат во заблуда со лажно прикажување на факти дека нивните син или ќерка предизвикале сообраќајна незгода во која е прегазено дете, а сторителот, лажно претставувајќи се како сведок или службено лице, им ветува дека за одредена сума на пари може да помогне наводниот учесник во сообраќајната незгода да не оди во затвор", информираат од МВР.

Има и такви случаи кога измамниците дури лажат дека телефонски разговараат со нивното дете и бараат за кусо време да ги добијат парите.

Од оперативни сознанија на МВР, измамниците на ист начин функционираат и во Бугарија и во другите соседни земји и дека работат за пронаоѓање и казнување на сторителите на измамите.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе