МВР: Најдено женско тело во Вардар е на Тројачанец, ќе се врши обдукција

Вчера, 6 декември, околу 13 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека во близина на ул. „Скупи", на местото каде што реката Серава се влева во реката Вардар, во водата било забележано тело на непознато женско лице.

Екипа на Итна медицинската помош констатирала смрт, а по извршениот увид било утврдено дека се работи за С.Т. (52) од Скопје, која беше пријавена за исчезната на 5 декември.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција, информираа од МВР. 

Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО - не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот, вели политичкиот експерт Иван Крастев за Гардијан.

повеќе

Македонија не е единствената жртва на ваквото здодевно силеџиство на Грција. Грчката влада се расправа и со Албанија и со Турција, вели принцот Мајкл од Лихтенштајн.

повеќе

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе