МВР казнува несовесни возачи, засилени контроли на патиштата низ земјава

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во повеќе општини се спроведени акциски контроли и се изречени санкции поради прекршоци во сообраќајот. При контролата спроведена вчера, од 17:00 до 22:00 часот, на територијата на цела држава биле откриени и санкционирани 142 возачи под дејство на алкохол кои веднаш се исклучени од сообраќај и им се изготвени законски предвидените поднесоци. За време на контролата биле санкционирани и 153 останати прекршоци.

Во текот на вчерашниот ден на територија на Скопје е изречена вкупно 91 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење мобилен телефон.

Изречени се девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 26 санкции за управување под дејство алкохол, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за прекршоци што ги прават возачи на моторцикли...

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера од 17:00 до 22:00 часот спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територијата на населба Илинден. При контролата биле откриени и санкционирани 25 возачи под дејство на алкохол, кои веднаш се исклучени од сообраќај и им се изготвени законски предвидените поднесоци. За време на контролата биле санкционирани и 10 останати прекршоци.

Во контролата на подрачје на СВР Куманово, спроведена вчера од 17:00 до 22:00 часот, биле откриени и санкционирани 25 возачи под дејство на алкохол кои веднаш се исклучени од сообраќај и им се изготвени законски предвидените поднесоци. Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Куманово – 19, на подрачјето на Кратово – четири, два на подрачјето на Крива Паланка. За време на контролата биле санкционирани и седум останати прекршоци.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопшти МВР.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера, од 17 до 22 часот, спровеле контрола и биле откриени и санкционирани вкупно 21 возач под дејство на алкохол, од кои 15 во Тетово и шест во Гостивар. Возачите
веднаш биле исклучени од сообраќај и им се изготвени законски предвидените поднесоци.

Во контролата санкционирани се и 25 други видови сообраќајни прекршоци, од кои 10 во Тетово и 15 во Гостивар.

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до возачите да се воздржат од конзумирање алкохол кога седнуваат зад волан и посебно да внимаваат со колкава брзина се движат, односно да ја прилагодат брзината според условите на патот, но и кога и каде престигнуваат. Се очекува денеска на повеќе патишта на подрачјето на СВР Тетово да има зголемен интензитет на сообраќајот бидејќи завршува продолжениот празничен викенд и токму поради тоа голем број граѓани ќе се враќаат кон нивните домови од туристичките центри Охрид, Маврово или Попова Шапка, а тоа се однесува и на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар.

СВР Тетово со свои служби, на повеќе места, ќе ги покрива овие сообраќајници, со цел да се обезбеди непречен и безбеден проток на возилата и да не се создаваат непотребни сообраќајни мешаници, а од возачите бара и очекува разбирање и малку повеќе трпение.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе