Нова акциска контрола на сообраќајната полиција

МВР казни 240 возачи

Во полициската акција казнети се 240 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената,поради брзо возење, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР). Изречени се и мерки за минување на црвено светло, за користење мобилен телефон при возење како и мерки за недавање првенство на минување на пешаци.

Од МВР информираат дека од 240 казнети возачи осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 150 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, осум мерки возење без возачка дозвола, пет санкции за нерегистрирани возила. Изречени се 10 мерки за минување на црвено светло, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци“, велат од МВР. 

Од Секторот за внатрешни работи Тетово (СВР) пак информираа дека вчера во периодот од 10.00 до 15.00 часот, полицијата спровела акција дали и колку возачите ги почитуваат нивните пропишани обврски кон пешаците.

„При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 34 прекршоци. На возачите-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби кои изнесуваат 250 евра во денарска потиввредност. Најголемиот број од прекршоците се однесувале на непропуштање на пешаци на обележани премини. При контролата биле санкционирани и 10 други видови сообраќајни прекршоци", информираа од СВР Тетово.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе