МВР: Казнети 187 возачи во Скопје, 32 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера на територијата на градот Скопје изрече вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32, за возење без возачка дозвола 15 мерки и 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Фото: МИА

Како што информира денеска МВР, изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, 19 за возење под дејство на алкохол, шест мерки за минување на црвено светло, пет санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за возач почетник…

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Легенда под Главна слика

Фото: МИА

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе