Министерството за внатрешни работи (МВР) во акциска контрола низ цела Македонија упати 80 товарни моторни возила на вонреден технички преглед. Од нив 57 биле неисправни. Кај седум била констатирана техничка неисправност на кочниците, шест биле претоварени, уште толку превезувале небезбеден товар, а 14 возачи управувале без возачка дозвола. При контролата санкционирани се и 104 останати прекршоци.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбедни патишта.