МВР: 33 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, два без лиценца

Во рамки на акциската контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, спроведена заради зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома, констатирани се две кривични дела поради возење без лиценца и 33 сообраќајни прекршоци, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што информира оттаму, во акцијата, што била спроведена во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Македонија на вонреден технички преглед упатени се 14 возила.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.

Апелираат до сите за почитување на сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за поголема безбедноста на децата.

 

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе