Затворен уште еден угостителски објект

Музички бенд, девојки „забавувачки“ и полно гости во кафеана во гостиварско Неготино

Полицијата и инспектори од Пазарниот инспекторат влегле синоќа во кафеана во гостиварското село Неготино и затекнале триесетина гости, девојки- странски државјанки кои ги забавувале гостите и музички бенд. Кафеаната е затворена, а сопственикот кој, според МВР, дрско и агресивно се однесувал, е лишен од слобода.

Синоќа во 20.30 часот, полициски службеници од Гостивар, заедно со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во угостителски објект во гостиварското село Неготино сопственост на С.Т.(21) од с.Неготино при што во објектот биле затекнати 30 лица – гости, бенд со четири изведувачи и 13 женски лица (пет странски и осум македонски државјанки) кои ги забавувале гостите и било констатирано дека не биле почитувани протоколите за спречување на ширењето на ковид-19.

„Притоа, сопственикот се однесувал агресивно и им се заканувал на полициските службеници и инспекторите од Државниот пазарен инспекторат. Тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија" и член 144 од Кривичниот законик – загрозување на сигурноста. Во полициска станица биле приведени и странските државјанки (две од Косово, две од Албанија и една од Србија) поради злоупотреба на туристичкиот престој. Објектот е затворен од страна на Државниот пазарен инспекторат", наведе МВР.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе