Му нашле марихуана, кога се обидел да избега му ја скинал кошулата на полицаецот

Вчеравечер околу 22.15 часот, полициски службеници од Полициска станица Гостивар, на ул. „Никола Тесла" во Гостивар запреле автомобил БМВ, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.С. (22) од Гостивар, а како сопатници се наоѓале и А.Д (21) од с.Долна Бањица и А.С. (23) од Гостивар.

При преглед на возилото, зад совозачкото седиште била пронајдена марихуана. При прегледот, А.С. (23) им се спротивставувал на полициските службеници и одбивал да влезе во службеното возило.

Тој се обидел да избега и му ја скинал кошулата на еден од полициските службеници, при што му нанел и повреда на левата дланка.

Тројцата биле приведени и задржани во Полициската станица Гостивар.

По целосно расчистување на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР. 

Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО - не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот, вели политичкиот експерт Иван Крастев за Гардијан.

повеќе

Македонија не е единствената жртва на ваквото здодевно силеџиство на Грција. Грчката влада се расправа и со Албанија и со Турција, вели принцот Мајкл од Лихтенштајн.

повеќе

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе