Апел од полицијата граѓаните да внимаваат

Му нарачал градежни материјали, па го измамил кажувајќи дека се платени на друго лице

Шеесет и шестгодишен жител на тетовско село, вчера во 18 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 8 часот и 20 минути на неговиот син телефонски му се јавило лице, наводно сопственик на струмичка фирма и му нарачало повеќе градежни материјали.

По извесно време тој ги натоварил материјалите на камион и ги испратил кон Струмица, но биле истоварени во скопско, а купувачот на материјалите му рекол дека тој ги платил на друго лице кое во меѓувреме дошло на неговиот плац, по што му станало јасно дека бил измамен, информира Марјан Јосифоски.

СВР Тетово презема мерки за расчистување на случајот. Поради зачестените пријави за измами портпаролот Јосифоски уште еднаш апелира до граѓаните да бидат претпазливи.

„Особено повозрасните лица да бидат претпазливи во комуникацијата со непознати луѓе, која е најчесто телефонска, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги, да ги проверуваат податоците пред да станат жртви на измама, да не им даваат пари на измамниците“, вели Јосифоски.

Сите сомнителни случаи граѓаните веднаш да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе