Како што информираат од Јавното обвинителство, станува збор за жена по потекло од Албанија, родена 1967 година, која била мажена и живеела во Вруток.
Според првичните сознанија, смртта на жената настапила околу 24-48 часа пред нејзиното пронаоѓање.
Јавниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место, како и за обдукција на починатата. Првичните траги упатуваат дека смртта е насилна и се трага по сторителот.