Моторџијата Жути почина откако излетал од патот за „Пуста Брезница“

Моторџијата Горан Стојмировски Жути, почина откако со својот мотор Хонда излетал на патот за „Пуста Брезница" во близината на Скопје.

„Со голема тага и неверување ја примивме веста за смртта на еден од легендите на македонскиот мото свет, Горан Стојмировски - Жути. Искрено сочувство до семејството, клубот и пријателите, нека почива во мир“, објавија на Фејсбук профилот на Мотори.мк. 

Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот кон с.Пуста Брезница, скопско, мотоцикл „хонда", со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.С.(51) од Скопје, излетал надвор од патот, информираат од МВР.

Во несреќата мотоцикистот се здобил со тешки телесени повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза" за укажување на лекарска помош, каде починал.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе