Моторциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Вчера во 22.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улиците „Благоја Стефковски" и „Методија Андонов – Ченто" се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан микра", управувано од С.В.(25) од Скопје и мотоцикл, управуван од Б.Ѓ.(29) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ѓ., констатирани во Градска општа болница „8 Септември". Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе