Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Сообраќајна несреќа е пријавена вчера во 11.35 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, во близина на с.Дебриште.

Во несреќата учествувале мотоцикл „кавасаки", со прилепски регистарски ознаки, управуван од В.Д.(30) од Прилеп и трактор „масеи фергусон", со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ј.Б.(51) од с.Дебриште, кавадаречко.

По незгодата мотоциклистот бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе