Според полицијата, сообраќајката се случила во 20.30 часот во село Арачиново. Мотоцикл „јамаха“ што го управувал М.Р.(21) од село Арачиново, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Од падот М.Р. се здобил со тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, од каде бил препратен во комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата извршила увид.