Мотоциклист директно удрил во полицаец во скопски Хиподром

Полицаец вчера додека извршувал службени дејства бил повреден откако во него удрил мотоцикл на железнички премин во скопската населба Хиподром.

Како што информира МВР, З.П. (45) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки вчера во 22:30 часот на железнички премин на улицата „Благоја Стефковски“ во населбата Хиподром удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејства. Во незгодата, полицискиот службеник добил со повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе