Монети, врвови од копје, прстени... пронајдени кај маж од струмичко

Предмети кои се сметаат за културно наследство биле пронајдени во возило на жител на с.Висока маала, општина Василево, информира МВР.

Во петокот, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Единица за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство, по претходно добиени сознанија дека кај Б.Б. (39) од с. Висока маала, општина Василево, има археолошки предмети кои се предмет на кривично дело по чл. 265 од КЗ „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, во координација со полициски службеници од СВР Струмица извршиле преглед на патничко возило „опел вектра“ со струмички регистерски таблички, кое го управувал Б.Б..

Притоа се пронајдени 276 монети, три врвови од копје, 10 прстени, како и други предмети кои претставуваат добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Б.Б. е лишен од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе