Момче заврши во полициска станица поради превезување на дрва

Дваесетгодишник заврши во полициска станица откако бил фатен додека превезува огревни дрва без документи. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера околу 15.40 часот во тетовска Долна Лешница, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Ш.(20) од с.Желино, тетовско, кој со џип „чироки" без регистарски ознаки превезувал огревни дрва без потребните документи.

Тој бил задржан во Полициското одделение Групчин, а возилото и дрвата со потврда му биле одземени и ќе бидат предадени на Шумска полиција за натамошна постапка, велат од МВР.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе