Тешка сообраќајка на стариот пат од Стајковци кон Смилковци

Момче загина, а двајца малолетници се повредени откако со автомобил удриле во бетонски столб

Момче од Скопје загина, а други двајца малолетници се повредени кога со автомобилот во кој се возеле удриле во бетонски столб.

Ноќеска по полноќ од Итна медицинска помош било пријавено дека на стариот пат од с. Стајковци кон Смилковци, се случила сообраќајна незгода во која А.Ј. (20) од с.Смилковци-Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Опел зафира" со скопски регистарски ознаки, удрил во бетонски столб.

Од здобиените повреди возачот починал на местото наннастанот додека сопатниците во возилото 16-годишно и 17-годишно лице се здобиле со телесни повреди.

Увид извршила екипа од СВР-Скопје и се утврдуваат причините за несреќата. 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе