Во Тетово

Момче уценувало друго момче дека ќе му објави срамотни фотографии ако не му даде пари

Момче од Тетово уценувало друго момче дека ќе му објави срамотни фотографии и информации. Уценувачот е фатен вчера, а случувањата со заканите за објава на компромитирачкиот материјал траеле подолго време. Оштетениот за да не ги објави фотографиите на уценувачот му исплаќал парични средства.

Вчера околу 16.40 часот на ул.„Борис Кидрич" во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Б.Ш., поради сомнение дека во повеќе наврати го уценувал 23-годишниот Д.Ш., исто така, од Тетово, дека ќе објави компромитирачки информации и фотографии, за што подолго време барал и добивал парични средства од Д.Ш.

При лишувањето, на Б.Ш. му била пронајдена и марихуана.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирањена случајот, по што против него ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе