Во близина на железничката станица во Трубарево

Момче тешко повредено од струен удар додека се обидувало да краде

Машко лице меѓу 20 и 25 години се здобило со тешки телесни повреди од струен удар во близина на железничката станица Трубарево при обид за кражба.

При обид за кражба во текот на денешниот ден во 12:58 часот на железничката станица во Трубарево се случил несреќен случај, односно лице на возраст од 20 до 25 години се здобил со тешки телесни повреди, кој со возило на итна помош е пренесен во болница, информираат од Македонски железници – Инфраструктура.

Како што појаснуваат повреденото лице движејќи се по пруга се качило на шинско возило за одржување на контактната мрежа (дрезина) која била оставена на електрифициран колосек и по доближувањето во опасна зона на контактнта мрежа се здобил со струен удар.

При струениот удар момчето се здобило со висок степен изгореници по телото.

Случајот е пријавен во полиција која работи на негово целосно расчистување.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе