Момче со шрафцигер нападнало полицајци, доби притвор

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста".

Од Јавното обвинителство соопштуваат дека осомничениот 20-годишен жител на село Леуново, на 21 мај 2019 година, бил пријавен дека кршел и оштетувал инвентар во интернатот „Седек Костоски“ во Маврови Анови, каде привремено бил сместен. Кога на местото пристигнале полициските службеници кои постапувале по пријавата, тој од џебот извадил штрафцигер и ги нападнал со намера да ги повреди. Од страна на полициските службеници бил совладан и приведен.

Усвојувајќи го предлогот на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена, информираат од Јавното обвинителство.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе