Момче под истрага за трговија со кокаин и марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен скопјанец, кај кого биле пронајдени марихуана и кокаин.

Како што информираат од Основното јавно обвинителство, осомничениот во текот на месецов од засега непознато лице набавил марихуана и кокаин, што ги држел кај себе заради препродажба.

“На 15 март, при претрес во автомобилот со кој управувал осомничениот, на паркинг просторот на меѓуградската автобуска станица во Скопје, биле пронајдени 104,03 грама марихуана, 0,42 грама марихуана помешана со тутун, како и две пакувања кокаин со вкупна тежина од 2,24 грама“, се наведува во соопштението од ОЈО.

Осомничениот се товари дека го сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" од член 215 од Кривичниот законик, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе