Момче од Скопје осомничено дека извршило 33 кражби во Битола и Охрид

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при Oдделението за криминалистичка полиција во СВР Битола, во координација и содејство со полициски службеници од Отсекот за општ криминал при Одделението за криминалистичка полиција во СВР Охрид во саботата го лишиле од слобода Р.М.(21) од Скопје, поради сомнение дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба" и „кражба" на подрачјето на Битола и Охрид, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, како што се посочува во соопштението, СВР Битола и СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство, против осомничениот ќе поднесенат кривични пријави за вкупно 33 кривични дела.

„Од нив 23 ги извршил во Битола, односно две кривични дела „тешка кражба" во продавница, две кривични дела „тешка кражба" на велосипед, две кривични дела „кражба" на велосипед и 17 кривични дела „тешка кражба" во патнички возила, додека на подрачјето на Охрид извршил вкупно 10 кривични дела, од кои две кривични дела „тешка кражба" на велосипед и осум кривични дела „тешка кражба" во патнички возила“, се додава во соопштението.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе