Момче нападнато од насилници со фантомки и метална шипка

Ноќва во 1.35 часот во Куманово на ул.„Перо Чичо", Б.С.(23) од Куманово, при влегување во своето возило бил физички нападнат од неколку непознати лица со фантомки на главите.

Маскираните насилници со метална шипка го скршиле задното ветробранско стакло од возилото, по што на Б.С. му нанеле тешки телесни повреди, скршеница на лакт на рака и повреди во пределот на главата и ногата, кои биле констатирани од страна на лекар во Општата болница во Куманово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе