Случајот го пријавила мајката на оштетената

Момче на Вибер испраќало голи фотогафии на малолетно девојче од Скопје

Деветнаесетгодишен жител на тетовското село Туденце праќал голи фотографии од делови на своето тело на малолетничка од Скопје, соопшти МВР. Случајот го пријавила мајката на девојчето. Од МВР додаваат дека пријавениот го признал делото.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.Т.(19) од с.Туденце, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикажување на порнографски материјал на дете".

На 25.06.2021, мајка на малолетно девојче од Скопје пријавила дека на мобилниот телефон на нејзината ќерка на апликацијата Вибер од машко лице ѝ биле покажувани делови од машко тело.

По преземени мерки било откриено дека пријавениот ги испраќал пораките од телефонот на неговиот татко", се вели во полициското соопштение.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе