Во Тетово

Молдавки нелегално работеле во ресторан, приведени заедно со сопственикот

Во саботата околу 22 часот на подрачјето на СВР Тетово извршена е акциска контрола во угостителски објекти за превземање на мерки со цел откривање на прекроши по ЗППЈРМ како и други кривични дела, соопштуваат од МВР.

„Во еден угостителски објект е приведено едно лице за утврдување на идентитет, а при контрола во угостителскиот објект лоциран на улица „Илинденска“, сопственост на лицето Ф.Б. (41) од село Добридол, во полициската станица Гостивар приведен е сопственикот поради сомнение за нелегално вработување на странски државјани или злоупотреба на туристички престој“, информираат од МВР.

Поради пречекорување на туристички престој во полициската станица Гостивар приведени се странските државјанки – .А.Д. (42) и В.Д. (17) и двете од Молдавија, кои се задржани за понатамошна постапка.

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе