Во затворот во Идризово

Мобилни телефони најдени во затворските ќелии на осудените од Диво Насеље

Мобилни телефони и други предмети се најдени во ќелиите на осудениците од случајот Диво Насеље. Утрово околу 5 часот затворската полиција влегла во делот во затворот во Идризово каде во посебно одделение се сместени овие осудени лица, и успеала да им ги најде мобилните телефони. Наредбите за претрес биле издадени од Основниот кривичен суд во Скопје. 

Од Управата за извршување на санкции информираа дека по наредба на судот, со асистенција на полицијата утрово во КПД Идризово е извршен претрес во неколку ќелии, при што се откриени и одземени повеќе предмети кои се предадени на вештачење.

Ова не е прв пат кај овие лица да бидат најдени мобилни телефони. Тие во август, 2019 година се вклучуваа во живо во емисија и бараа донации за нив и нивните семејства. Тогаш кај нив беа најдени пет мобилни телефони. 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе