Mногу случаи на пронајдена прашкаста материја

Вчера во полициската станица Бит Пазар приведени биле браќата Б.Љ. (50) и М.Љ. (48), двајцата од Скопје, откако претходно беше извршен претрес од во домот на Б.Љ. во Чаир, а по наредба од судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1.

При претресот била пронајдена прашкаста материја и дигитална вага со остатоци од прашкастата материја кои биле предадени за вештачење. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На улицата „Трифун Хаџи Јанев“ во Скопје полицајци го привеле С.С. (27) од Скопје и едно лице на возраст од 17 години откако кај нив била пронајдена марихуана. Двајцата биле приведени во полициската станица Гази Баба и по целосното расчистување на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Пак во Скопје, вчера полицијата го привела С.Д. (20) од Велес, кај кого при преглед била пронајдена прашкаста материја. Тој бил приведен во полициската станица Центар и по целосното расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе

На 2 јуни во Црна Гора беше прогласен крај на епидемијата. Од првиот бран, земјата излезе со следниот биланс: 324 заразени и 9 починати лица.

повеќе