Радарска контрола низ државата

Многу казни за брзо возење по градските улици

Радарска контрола спроведена на територијата на Македонија покажа дека голем број возачи не ја почитуваат дозволената брзина на возење. Казнети се 335 возачи, а повеќе од половината од нив возеле брзо во населени места. 

„Од санкционираните возачи, 20 упавувале со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволеноата, а тројца возачи возеле со брзина од над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 178 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 157 надвор од населено место“, информира МВР.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе